spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Парични награди за најдобрите ученици и наставници

Аеродром: Парични награди за најдобрите ученици и наставници

Општина Аеродром доделува по 10 илјади денари еднократна парична наградна за првенците на генерација од сите осум основни училишта, како и за најдобрите наставници и стручни соработници.

Првенци на генерација за изминатата учебна 2023/2024 година што ќе бидат наградени се учениците: Ема Стојанова од ОУ „Љубен Лапе“, Никола Стојковски од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Никола Пешевски од ОУ „Блаже Конески“, Андреј Карафилоски од ОУ „Гоце Делчев“, Дарија Ивановска од ОУ „Александар Македонски“, Марко Јанкулоски од ОУ „Браќа Миладиновци“, Андреј Антов од ОУ „Димитар Македонски“ и Александар Цветковски од ОУ „Лазо Ангеловски“.

За најдобри наставници и стручни соработници се избрани: Ивана Цветановска од ОУ „Љубен Лапе“, Марија Настевска од ОУ „Блаже Конески“, Александар Темелковски од ОУ „Александар Македонски“, Соња Фортуманова од ОУ „Браќа Миладиновци“, Виолета Јовановска-Никовска од ОУ „Димитар Македонски“, Љубинка Стојановска од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Марија Андонова од ОУ „Гоце Делчев“, како и Марина Нанева од ОУ „Лазо Ангеловски“.

Општина Аеродром на првенците на генерација, кои од оваа година продолжуваат во средно училиште, им посакува голем успех во натамошниот образовен процес, а на наставниците и на стручниот кадар уште поголеми достигнувања во работата со учениците.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...