Во ова училиште се решава долгогодишиот проблем кој учениците го имаа со
користење на училишните тоалети.
За градоначалникот Дарко Костовски инвестирањето во образованието на
учениците е клучен приоритет.
Обновата на тоалетите во ООУ ,,Св. Климент Охридски” е дел од
стратегијата за унапредување на условите во образовните институции.
До крајот на мандатот на градоначалникот ќе бидат извршени реконструкции
во сите општински основни училишта.
Покрај овој проект, наскоро започнува реновирањето на тоалетите и во ООУ
,,Панајот Гиновски” и ООУ ,,Петар Здравковски – Пенко”.
Овие инвестиции и сите кои беа во изминатиот период придонесуваат за
подигнување на квалитетот на образованието и развојот на младите
генерации.
Извор:: Општина Бутел