Пред голем број љубители на спортот на спортскиот терен во населеното место Мршевци се одржа десеттиот турнир во мал фудбал „Мршевци 2024“ на кој оваа година учествуваа 24 екипи со околу 250 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во 4 групи по 6 екипи во секоја група.
На финалниот натпревар првото место го освои екипата на „Чомбе Марино“, второто место „ДПФ“ Сервис професионал и трето место за „Компанија Атанасовски“, за најдобар играч беше прогласен Пеце Даиловски од екипата на ДПФ, а за најдобар голман Никола Спасов од екипата на Чомбе Марино. На финалната вечер се покажа фудбалски квалитет и вештини, безрезервна борба за екипите да се искачат на повисоко место.
Покрај спортскиот дел во рамки на турнирот кој траеше во текот на месец август имаше и забавен дел со музичка програма, каде настапија Мики Секуловски и Андријана Петрушевска, пришто беше приредена одлична забава за големиот број посетители.
Општина Илинден и оваа година го поддржа турнирот а градоначалникот Александар Георгиевски, кој беше присутен на финалниот натпревар на најдобрите им ги додели пехарите и истакна дека поддршката ќе продолжи и во иднина како за овој така и за другите спортски настани.
Извор: Општина Илинден