spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Се работи на отстранување технички проблем, податоците на „Отворени финансии“ ќе...

МФ: Се работи на отстранување технички проблем, податоците на „Отворени финансии“ ќе бидат ажурирани во најкус можен рок

Министерството за финансии ја информира јавноста дека во најкус можен рок ќе бидат ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“.  Имено, надлежниот сектор од Министерството за финансии заедно со економскиот оператор ангажиран за одржување на порталот работат на отстранување на техничкиот проблем којшто оневозможува пристап до податоците коишто се генерираат на порталот.

Податоците коишто се објавуваат преку порталот „Отворени финансии“ како алатка за транспареност и понатаму ќе бидат достапни за јавноста. Јавноста ќе може да пребарува информации за реализација на буџетот, одделно по институции  и извршени трансакции.

Порталот е промовиран со цел зголемување на транспарентноста на трошењето на буџетските средства. Податоците се ажурираат редовно согласно утврдената динамика на објавување на одделните категории податоци.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...