spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Амбасадорката Улман изрази задоволство од досегашната соработка, но и решителност во...

МЖСПП: Амбасадорката Улман изрази задоволство од досегашната соработка, но и решителност во правец на продлабочување на истата

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска денес оствари работна средба со швајцарската амбасадорка H.E Вероник Улман на која разговараа за актуелни прашања поврзани со заедничките проекти.

Заменик министерката Лашкоска се заблагодари за досегашната соработка истакнувајќи дека  Швајцарската Влада е една од најголемите поддржувачи на нашата држава во делот на заштита на животната средина и природата. Беше потенциран прогресот на проектите со поддршката на во делот на управување со водите, управување со отпадот, како и заштита на природата.

Амбасадорката Улман изрази задоволство од досегашната соработка, но и решителност во правец на продлабочување на истата со нова поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање во постигнување на целите за заштита на животната средина.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...