Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, и директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи, во просториите на АПЈ денеска на работна средба го пречекаа заменик-секретарот на Владата на РСМ, Хасим Муртезани и советникот на Владата, Шиќири Коруми. Учесниците на средбата главно зборуваа за текот на работата за што поправедна примена на албанскиот јазик во РСМ.
Двајцата директори ги информираа претставниците на Владата за ограничувањата и овластувањата поврзани со спроведувањето на албанскиот јазик, како и за досегашната работа во унапредување на процесот на двојазичност во РСМ.
Хасим Муртезани од позиција на заменик-секретар на Владата ја понуди сета своја поддршка за примена на албанскиот јазик во јавните државни институции.
На крај, директорот Османи истакна дека АПЈ во случај на потреба секогаш е подготвена да ѝ даде поддршка на Владата со ангажирање на своите преведувачи.