Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупниот број на малолетни корисници
на социјална заштита изнесуваше 14 962, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита
изнесуваше 55 028.
Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаа услугите на социјална
работа кои изнесуваа 45.1 %, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо
учество имаа услугите за социјална заштита кои изнесуваа 83.5 %.
Во 2023 година, 35 380 носители на домаќинства (број на домаќинства) беа корисници на гарантирана минимална
помош.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика