spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Прво издание на фестивалот „АЈДЕ“ на 4 септември

Аеродром: Прво издание на фестивалот „АЈДЕ“ на 4 септември

Првото издание на фестивалот АЈДЕ“ ќе се оддржи на 4 септември во паркот „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром, со почеток од 18:00 часот.

Фестивалот преку богата музичка, културна и едукативна програма ќе го одбележи крајот на летото, а за сето тоа со своја содржина ќе се погрижат факултетот „Хајделберг“ и музичкото училиште „МЈУЗИК ЛАБ“.

Фестивалот „АЈДЕ“ има цел да прерасне и во платформа на вмрежување на домашните компании и локалното население, за што се предвидени штандови на кои граѓаните ќе добијат информации за компаниите, но и за потенцијално вработување.

„АЈДЕ“ има инклузивен и хуманитарен карактер, на кој ќе учествуваат и здруженијата „Во мојот свет“, Фондацијата АЦТ и „Хуманитарни акции МК“.

Општина Аеродром како поддржувач на овој настан ги поканува граѓаните на добра забава и заедничко испишување на уште една урбана приказна.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...