Првото издание на фестивалот „АЈДЕ“ ќе се оддржи на 4 септември во паркот „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром, со почеток од 18:00 часот.
Фестивалот преку богата музичка, културна и едукативна програма ќе го одбележи крајот на летото, а за сето тоа со своја содржина ќе се погрижат факултетот „Хајделберг“ и музичкото училиште „МЈУЗИК ЛАБ“.
Фестивалот „АЈДЕ“ има цел да прерасне и во платформа на вмрежување на домашните компании и локалното население, за што се предвидени штандови на кои граѓаните ќе добијат информации за компаниите, но и за потенцијално вработување.
„АЈДЕ“ има инклузивен и хуманитарен карактер, на кој ќе учествуваат и здруженијата „Во мојот свет“, Фондацијата АЦТ и „Хуманитарни акции МК“.
Општина Аеродром како поддржувач на овој настан ги поканува граѓаните на добра забава и заедничко испишување на уште една урбана приказна.
Извор: Општина Аеродром