spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Локален совет за Женско претприемништво

Карпош: Локален совет за Женско претприемништво

На денешната педесет и прва седница на Советот на Општина Карпош, едногласно  беше усвоена предлог-одлуката за формирање/конституирање на Локалниот совет  за  женско  претприемаштво  на  Општина Карпош. Претходно, претставници  на  Националната платформа за женско  претприемништво во соработка  со Општина Карпош, одржаа иницијативен состанок во просториите на Универзитетот за  туризам  и менаџмент, каде што се расправаше за предлог-иницијативата за формирање  на Локален совет  за женско претприемништво (ЛСЖП).

Всушност, функцијата  на  ова  тело  е да работи  во насока на подобрување, унапредување на економско/финансиската независност кај жените кои живеат или работат на територијата на општината. Притоа, од тој аспект, од особено и исклучително значење е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претпримништво , со цел да се искреираат политики преку кои  ќе се застапуваат интересите на жените во локалните и национални власти.

На овој состанок присуствуваше и првиот човек на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој изрази  големо задоволство за оваа иницијатива, охрабрувајќи ги жените –претприемачки да ја развиваат својата активност во насока на подобрување на нивната независна социо-економска состојба. Тој меѓу другото , истакна дека Општина Карпош, ќе помогне за поголема функционалност на Локалниот совет преку организирање на обуки за жените претприемачки.

„За  таа цел, ќе работиме и на унапредување на годишната предлог-програма за еднакви можности меѓу жените и мажите во Општината, која ќе влезе и во рамки на претстојниот Буџет на локалната самоуправа“- потенцираше  Јакимовски.

Оваа активност произлезе од Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво , која во февруари оваа година ја потпишаа градоначалникот Јакимовски и претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валетина Дисоска.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...