spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Ранец и училишен прибор за секое Прваче

Карпош: Ранец и училишен прибор за секое Прваче

Членовите на Советот на Општина Карпош, на денешната  51-ва седница, едногласно ја изгласаа предлог  одлуката за прифаќање на донација за бесплатни ранчиња со училишен  прибор за сите новозапишани ученици во  прво одделение  во учебната 2024/2025 та година во сите десет основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош. Оваа година, за прв пат во училишните клупи ќе седнат околу 720 првачиња.

Притоа беше усвоен и предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно), за квартал од 01.01. 2024 до 30.06, 2024-та година. На оваа седница, Комисијата за прашања на верификација , мандатни прашања,  избори и именувања на Советот на Општина Карпош, го констатираше престанокот на функцијата  Советник во советот на Општина Карпош, на членот на  советот, Роберт Велјановски, а новоизбраниот советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“,е  Предраг  Станковски, кој даде свечена изјава /заклетва, со која се обврза дека „ чесно, транспарентно и достојно ќе работи  во интерес на граѓаните на Општина Карпош“.

На  оваа седница беа усвоени Годишните извештаи за работата на четирите јавни установи-општински детски градинки „Мајски Цвет“, „ Распеана Младост“, „Пролет“ и градинката „Орце Николов“, за 2023/2024 година, како и се усвоија Годишните програми за работата на овие градинки за 2024/2025 –та година. Исто така, денеска советниците ги  усвоија и Годишните програми за работата на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош, односно за „ Аврам Писевски“, „Братство“, „Владо Тасевски“, „ Петар Поп Арсов“ и „Димо Хаџи Димов“, како и за училиштата „ Јан Амос Коменски“, „ Христијан  Тодоровски-Карпош“, „ Војдан Чернодрински“, „Вера Циривири Трена“ и за „Лазо Трповски“.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...