spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Министерот Перински во кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна...

МЛС: Министерот Перински во кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“, во организација на Министерството за јавна администрација и ЗЕЛС

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, се вклучи во кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“, во организација на Министерството за јавна администрација и ЗЕЛС, која се реализира со цел преку процес на консултации и дебати, да се подготви новата законска рамка за поефикасна јавна администрација.

Денеска се дебатираше на тема „Идни заложби за добро управување и поефикасна јавна администрација“.

Според министерот, реформата на администрацијата е еден од клучните чинители за економски развој, за квалитетни демократски процеси, за следење на патот кон Европската Унија. Пред присутните, тој истакна дека зајакнувањето на државниот апарат е еден од најголемите предизвици со коишто се соочуваме.

„Администрацијата не смее да се злоупотребува за политички цели. Единствено кога државниот сервис ќе се претвори во сервис на граѓаните, тогаш ќе бидеме чекор поблиску до Европската Унија,“ истакна министерот. Тој посочи дека општините се првата врата на која тропнуваат граѓаните и остваруваат контакт со државниот апарат.

„Искуствата, предлозите и сугестиите од страна на ЕЛС, треба да се земат предвид и да се имплементираат при подготовката на законските решенија за претстојните реформи,“ укажа Перински.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...