spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно...

МОН: Документи за продолжување на ученичките стипендии се поднесуваат електронски и заклучно со 30 септември

Сите корисници на ученичка стипендија кои правото го оствариле во некоја од  изминатите учебни години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, од 1 до 30 септември потребно е преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk  да достават потврда за редовен ученик во учебната 2024-2025 година и свидетелство од претходната учебна година.

Оваа насока не се однесува на корисниците на стипендии за средношколци Роми во четири категории, за кои дополнително ќе биде објавен Конкурс со донесување на одлуката за бројот и износот на стипендиите за учебната 2024/2025 година.

За било каква информација или прашање, учениците можат да се обратат на електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела...