spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Се залагаме за еднаков пристап за вработување на Ромите и нивна...

МСПДМ: Се залагаме за еднаков пристап за вработување на Ромите и нивна целосна интеграција во општеството

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани беше во посета на Општина Тетово, каде што заедно со градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, одржа координативен состанок со претставници на УСАИД и Ромалитико. Целта на состанокот беше иницирање проекти за унапредување на правата на Ромите и успешна имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите.

Општина Тетово е единствената локална самоуправа која создаде проектна единица за вклучување на Ромите и заради тоа ромската заедница во оваа општина е поинтегрирана во споредба со другите општини.

Во оваа прилика министерот Лимани апелираше до општините да ја следат истата практика и да придонесат за унапредување на правата на Ромите, подобрување на инфраструктурата, домувањето, а пред се нивното образование.

„Како министер за социјална политика, демографија и млади, сметам дека е потребно вклучување на младите Роми во младинскиот сектор во рамките на Министерството, со цел нивно вклучување во креирањето на политиките и остварувањето на интересите на младите Роми во општеството,“ порача Лимани.

Во текот на дискусијата посебен акцент беше ставен и на правото на вклучување на децата Роми во детските градинки, како и нивното право да бидат згрижени од негователки и воспитувачки Ромки, за кои ќе се побара согласности за нивно вработување.

Министерот Лимани истакна дека ова е само потврда за заложбите на министерството за еднаков пристап до можностите за вработување на Ромите и нивна целосна интеграција  во нашето општество.

„Со поддршка од нашите партнери градиме подобра иднина каде секој граѓанин ќе се чувствува вклучен и поддржан,“ порача Лимани.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МОН: Јаневска – Со измените на Законот за основно образование се...

0
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано...