spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Шумската и Граничната полиција на терен - прекинат уште еден ланец...

МЗШВ: Шумската и Граничната полиција на терен – прекинат уште еден ланец на дрвната мафија во Кичевско

Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција во атарот на село Колари пресретнат е камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.

За сторителите поднесени се соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас.

Продолжуваме со зголемени акции во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми.

Максимално ќе се вложиме за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво и во борбата против нелегалната сеча на дрвата.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МФ: Исплатена еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во...

0
Министерството за финансии денес ја исплати еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година. „Денеска во целост ја исплативме еврообврзницата на износ...