spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Странските инвеститори во Македонија имаат специфични даночни предизвици

УЈП: Странските инвеститори во Македонија имаат специфични даночни предизвици

Директорка на Управата за јавни приходи м-р Елена Петрова оствари работна средба со Претседателот на Советот на странски инвеститори г-дин Виктор Мизо.

На средбата се разговараше за едно од најактуелните прашања – прашањето за даночните ефекти од усогласувањето на домашните сметководствени стандарди со IFRS 2021 стандардот. Претседателот на Советот го истакна барањато за униформиран пристап во дефинирањето на оправданите инвестициски трошоци поврзани со користење на државната помош, имајќи во предвид дека доделената државна помош е рамка за користење на даночните ослободувања на компаниите во технолошко-индустриските развојни зони.
На средбата стана збор и за минималниот глобален данок од 15% кој се однесува на големите меѓународни компании како и за бенефитот за странските компании а тоа е размената на податоци и документи меѓу државните институции по службена должност, кога еден орган побарува како доказ документ што го издава друг орган.

На состанокот двете страни се согласија за воспоставување на пракса за редовно состанување со странските компании и тековна дискусија за нивните проблеми и предизвици.

Скенирањето на состојбите, потребите и предлозите кои доаѓаат од серијата состаноци со таргет групи даночни обврзници и нивни претставнички тела и здруженија е вовед во утврдување конкретни мерки и активности во УЈП, како за брзо пресретнување на некои нивни проблеми и предизвици, исто така и за воведување формални механизми и структури за долгорочна кооперативност.

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...