spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Градоначалникот Георгиевски присуствуваше на Саем за врадотување „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“...

Илинден: Градоначалникот Георгиевски присуствуваше на Саем за врадотување „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ во Лесковац

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски беше во дводневна посета на Лесковац, Република Србија каде присуствуваше на Саемот за вработување „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“.

На саемот кој е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион на Македонија, како и Центарот за развој на Јабланичкиот  и Пчињскиот округ од Лесковац и Општината Власотинце од Србија, присуствуваа голем број градоначалници од Република Македонија и Република Србија, делегации од ЕУ, менаџери, како и баратели на работа.

Станува збор за проект кој цели кон подобрување на механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила, поттикнува воведување на нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор и допринесува за зголемување на капацитетите и компетенциите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програми за вработување.

Низ досегашните активности за Проектот беа остварени заедничките цели во насока на прекуграничната мобилност и вработливост.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...