Во своите простории, денес (02.09.2024), КСС одржа состанок со Peter Scherrer и Esther Lynch која е Генерален секретар на Европската конфедерација на синдикати – ЕТУК на кој се дискутираа повеќе теми и прашања кои се однесуваат на функционирањето на синдикатите, социјалниот дијалог, непочитувањето на законите и колективните договори во државата, непочитувањето на конвенциите на МОТ, кои се ратификувани во Македонија, од страна на државата, неспроведувањето на веќе добиените судски пресуди од страна на институциите и други теми до кои се дојде во текот на самата дискусија. Поради неможност во последен момент да присуствува лично Esther Lynch беше приклучена онлајн преку апликација за состаноци.
Беа изнесени ставовите на КСС, секако и ставовите на ЕТУК кои во целиот процес на подобрување на состојбата со почитувањето на работничките права и социјалниот дијалог се поддршка во исполнувањето на нашите барања.
За тековниот ден согласно агендата предвидени се состаноци и со претставници на владата и Меѓународната организација на трудот во Македонија.