spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Kазнети месарница, супермаркет и ресторан во Битола

АХВ: Kазнети месарница, супермаркет и ресторан во Битола

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), покрај редовните инспекциски контроли согласно Годишниот план и неделава продолжија со спроведување на засилен,вонредни инспекциски контроли во целата држава. Казна од 600 евра и 300 евра во денарска противвредност, беше изречена на месарница во Скопје поради пласирање на пазарот на небезбедна храна, поточно храна без и со нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања. 

Познат скопски супер маркет казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања. Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во конткат со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
 
Во координирана акција со  Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, петок, АХВ спроведе вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради  продажба на недекларирано  месо од различни видови и категории,  пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности. 

Затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте