spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМДТ: Андоновски - Позитивните икуства на Словенија ќе ни помогнат во унапредувањето...

МДТ: Андоновски – Позитивните икуства на Словенија ќе ни помогнат во унапредувањето на услугите за граѓаните

Во рамки на работната посета на Словенија, министерот за дигитална трансформација  Стефан Андоновски оствари средба со министерката за дигитална трансформација на Словенија, Емилија Стојменова-Дух. На средбата се разговаравше за приоритетите на новоформираното Министерство за дигитална трансформација и можностите за соработка меѓу двете земји.

Министерот Андоновски ја истакна важноста што новата македонска Влада ја дава на дигиталната трансформација, како клучен приоритет за напредокот на нашата земја. Словенија изрази подготвеност да нè поддржи во процесот на дигитализација и да ги пренесе позитивните искуства.

,,Фокусот на нашето Министерство е сеопфатна дигитална трансформација, развој на дигитални компетенции, подобрување на инфраструктурата и промовирање на дигитални јавни услуги. Словенија изрази подготвеност да ја поддржи Македонија во овој процес и да ги пренесе позитивните искуства. Ваквата поддршка е непроценлива и неопходна за унапредување на услугите што ги добиваат граѓаните”, изјави министерот Андоновски, кој на средбата беше придружуван од амбасадорот Горан Милевски.

Извор: Министерство за дигитална трансформација

Прочитајте