Заменикот министер г-дин Марјан Ристески, државниот секретар г-дин Хаким Сума, како и шефот на Кабинет на министер г-дин Беадин Бахадр го известија почитуваниот гостин за реорганизацијата на министерството. Исто така му се заблагодарија за непроценливиот придонес што ЕИБ го дава за поддршка на развојот на виталната инфраструктура, компаниите како и малите и средните претпријатија во нашата земја.
Заменикот министер Марјан Ристески истакна дека сега како Министерство за економија и труд ќе бидеме фокусирани на подобрување на бизнис климата во земјата, поддршка на домашните компании, поддршка на претприемништвото, подобрување на условите за странските инвеститори, како и подобрување и развој на пазарот на труд како нова надлежност која ја превземаме. Акцентот ќе биде ставен на унапредување на соработката со сите партнери почитувајќи ги механизмите на граѓаните за изразување на народната волја. Како министерство за економија и труд, ќе се залагаме да ги засилиме реформите во делот на подобрување на деловната клима во земјата, со зголемување на транспарентноста за инвеститорите, како еден од нашите најголеми приоритети.