spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“

МФ: Ажурирани податоците на порталот „Отворени финансии“

Министерството за финансии ја информира јавноста дека техничкиот проблем е отстранет и податоците на порталот „Отворени финансии“ се ажурирани. Поради нестручноста на фирмата којашто го одржува порталот, а воедно и поради недостатокот на ИТ-кадар, системот не бил навремено одржуван, а проблемот започнал да се јавува уште во февруари. Вработените од ИТ-секторот во координација со новиот советник за ИТ-технологии успешно го вратија во функција порталот и ќе продолжат да работат на негово подобрување.

Податоците ќе продолжат да се ажурираат согласно утврдената динамика на нивно објавување. На овој портал корисниците можат да пребаруваат информации за реализацијата на Буџетот, и тоа одделно по институции и извршени трансакции. Порталот „Отворени финансии“ претставува алатка за унапредување на транспарентноста и воедно ѝ овозможува на јавноста увид во трошењето на парите на граѓаните од страна на буџетските корисници.

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте