spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Со отворање на подрачната единица во Јегуновце докажуваме дека...

МЗШВ: Трипуновски – Со отворање на подрачната единица во Јегуновце докажуваме дека Министерството е сериозен сервис на земјоделците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на отворање на Подрачна единица при МЗШВ во општина Јегуновце.

Изминатиов период министерот Трипуновски во изјава за медиуми најави дека ќе се отвораат подрачни единици и канцеларии во речиси секоја рурална општина за да се биде поблиску до земјоделците.

Од сега Министерството преку подрачните единици ќе биде сериозен сервис на самите земјоделци.

„Земјоделците од општина Јегуновце повеќе нема да се мачат и да патуваат до Тетово за да аплицираат или пак да проверат дали нивната апликација е во ред. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од сега ќе биде поблиску до земјоделците и ќе работи за нив“, истакна министерот Трипуновски.

„Наредната година Министерството ќе инвестира во техничкиот капацитет на секоја подрачна единица и канцеларија за да се зголеми функционалноста на истите“, најави тој.

Работиме за да Министерството биде поблиску до земјоделците.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...