spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Бадминтон клуб КАРПОШ

Карпош: Бадминтон клуб КАРПОШ

Општина Карпош е место каде што голем број спортски клубови успешно функционираат и од кои што произлегуваат врвни спортисти. Така, Бадминтон клуб КАРПОШ – Скопје, кој се наоѓа на ул. Струшка бр.12А, населба Козле, е еден од нив, кој егзистира точно 20 години. Членството во клубот во моментот брои околу 50 – 60 члена. Седма година по ред, тренинзите се одржуваат во ООУ ,,Војдан Чернодрински”, а м-р Горан Тасевски, кој е тренер а воедно и основач на бадминтон клуб –КАРПОШ, своето знаење и техники, успешно ги пренесува на најмалата категорија У-9 па се до ветерани.

Во Државното Првенство на Македонија овој клуб партиципира во сите категории ( У-9, У-11, Ѕ – 13, У – 15, У – 17, У-19, сениори и ветерани ) и сите дисциплини ( машки поединечно, женски поединечно, машки двојки, женски двојки и мешани двојки ). Локалната самоуправа, која секогаш има слух за иднината на младите и успешни спортисти, финансиски ги поддржува најуспешните играчи, кои некои од нив се здобиваат со спортски стипендии.

Бадминтон играчите, преку учества на меѓународни турнири од европски карактер, регионални натпревари, Балканијади и државни првенства, со постигнатите врвни резултати, успешно ја промовираат Општина Карпош. Во 2008-та година, м-р Горан Тасевски основач и тренер во Бадминтон клуб КАРПОШ – Скопје, со поддршка на Општина Карпош, ја издаде книгата “БАДМИНТОН” која беше прва книга од ваков тип на територија на Република Македонија. Тимот на Бадминтон клуб КАРПОШ ги повикува сите заинтересирани да се приклучат и да станат дел од оваа спортска и мотивирачка игра.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👇

https://youtube.com/watch?v=wVe4WFsCJ6k%3Ffeature%3Doembed

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели...

0
Почитувани, Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата Претседателка на Европската Комисија Урсула...