spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за...

Град Скопје: Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа

Град Скопје денеска /06.09.2024/ на веб- страницата објави Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во градската Програма „Општинско – корисна работа“. Проектот се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ) и Договорот за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Град Скопје.

Проект претставува поддршка на инклузијата во образовниот процес и унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во град Скопје, како и времено работно ангажирање на привремено невработените лица како образовни и лични асистенти.

Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“, ќе можат да поднесат во АВРСМ – Центар за вработување на град Скопје во периодот од 06.09.2024 до 16.09.2024 година од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени, со склучување на Договор помеѓу Град Скопје и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат на веб-страницата на Град Скопје, на следниот линк – https://skopje.gov.mk/media/11157/javen-povik-okr.pdf или кај Координатор за Програмата Општинско-корисна работа на Град Скопје Раководителот на одделение за социјална, детска и здравствена заштита-Д-р Весна Дамчевска Илиевска – Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“ тел: 02 /3297 278 и во Агенција за вработување – Центар за вработување на Град Скопје.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели...

0
Почитувани, Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата Претседателка на Европската Комисија Урсула...