Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите.
Преку ова финансиска поддршка Министерство за економија и труд доделува финансиски средства за реализација на програма (проект) за заштита на потрошувачите во износ од 300.000,00 денари до 500.000,00 денари согласно доставените предлог програми (проекти) за заштита на потрошувачите до исцрпување на финасиските средства предвидени за овој повик, на невладините организации за заштита на потрошувачите за обезбедување информации и помош за потрошувачите.
Оваа иницијатива е дел од нашите постојани напори да се подобри квалитетот на животот на сите граѓани и да се зајакне нивната заштита и права.
Ги охрабруваме сите здруженија на потрошувачите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка која ќе им овозможи да реализираат значајни проекти за доброто на потрошувачите. Овој повик е доказ за нашата посветеност кон транспарентноста, правичноста и инклузивноста во креирањето на политики кои ги подобруваат условите за живот на сите граѓани.
Повеќе информации за условите за аплицирање, висината на финансиските средства и рокот за доставување на барањата можете да најдете на нашата веб-страница www.economy.gov.mk.
Ве повикуваме заеднички да придонесеме за зајакнување на потрошувачките права во нашата земја.Крајниот рок за поднесување на апликациите е најдоцна до 16:00 часот на ден 20.09.2024 година.