Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува со градежната експанзија која се одвива со засилено темпо во населените места, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта
Деновиве започна целосна реконструкција и санација на краци 4 краци од улица „500“ и еден крак од улица „531“ во вкупна должина од околу 600 метри, во населено место Марино.
Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид во работните активности и истакна дека се одвиваат со предвидената динамика. Тој додаде дека на овие улици претходно беше изградена фекална канализација а сега ќе бидат асфалтирани. Во наредниот период работните активности ќе продолжат и на останатите улици каде е изградена фекална канализација.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден, а со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден.
Извор: Општина Илинден