spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedКарпош: Обука за Црвениот Крст за Спасувачката Единица

Карпош: Обука за Црвениот Крст за Спасувачката Единица

Во рамки на Центарот за обука и едукација на Црвениот крст “Солферино” во Струга, во моментов се одржува петдневната обука за безбедност на отворени води. Едукативната обука  е наменета за единаесетмината вработени во локалната самоуправа, кои се дел од просторната единица за заштита и спасување при Општина Карпош.

Имено, професионалната обука ја спроведува инструкторот за безбедност на отворени води на Црвен крст, Дејан Јонузоски, кој воедно е и вработен во Општина Карпош. Спасувачкиот тим ќе се стекне со нови теоретски и  практични знаења за спасување на отворени и затворени води, справување и евакуација на населението при евентуални природни непогоди како земјотрес, поплави и пожари.

Меѓу другото, стручниот тим на Општина Карпош ќе се обучи за делење на хуманитарна помош и пружање на неодложна прва медицинска помош. Општина Карпош е првата  локална самоуправа во Република Македонија, која располага со сопствена единица за заштита и спасување.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...