HomeUncategorizedМЗ: Клековски во Берлин -Проширување на соработката со германските компании во областа...

МЗ: Клековски во Берлин -Проширување на соработката со германските компании во областа на здравството

spot_img
spot_img

Во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, министерот за здравство Сашо Клековски се сретна со претставници на Германската здравствена алијанса (GHA), Источниот комитет на германската економија (Ost-Ausschuss) и на Германската стопанска и индустриска комора (DIHK) во Берлин.

  • Проширување на соработката со германските компании во областа на здравството е добра можност за унапредување на системот од аспект на едукација, вмрежување и партнерства, со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Воедно, германските искуства се особено значајни во надминувањето на јавноздравствените предизвици, посочи министерот Клековски во рамки на средбата.

Министерот Клековски упати благодарност до Роланд Геде, претседателот на Управниот одбор на GHA и претставниците на останатите организации за продуктивната средба и досегашната успешна соработка со нашата држава.

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

МС: Ристовски – Младите спортисти се иднината на македонскиот спорт, нивните...

0
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер Елези, Дин Ризвановиќ и Изабела Зајков, која освои бронзен медал на Светското...