Срдечна средба на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем, Љупчо Димовски со нерезидентниот амбасадор на Куба, Н.Е. Marieta Garcia Jordán во отворен дијалог и размислувања.
Согледани се можностите за интензивирање на меѓу државната соработка на повисоко ниво и во повеќе области. Здравството, фармацевтската дејност, културата, туризмот и спортот, тутунските преработки, прехранбените производи и особено македонското вино се дел од можностите на кои во следниот период треба да им се посвети особено внимание, а кои се од особен интерес за нас.
Потенцирана е историската блискост меѓу нашите народи, како и досегашната соработка, но и потребата од почести билатерални средби на кои ќе се дефинираат и усогласат взаемните интереси и можноста за нивна реализација.
Извор: Влада