spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЈА: Министерот Минчев, оствари средба со претставниците од Националната федерација на Агенциите...

МЈА: Министерот Минчев, оствари средба со претставниците од Националната федерација на Агенциите за привремени вработувања на Македонија

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска одржа работна средба со претседателот Норик Селими и претставници на Националната федерација на Агенциите за привремени вработувања. На средбата се дискутираше за предлог законите кои што беа повелечени од собраниска процедура од страна на Министерството за јавна администрација, кои воедно се во процес на консултации со сите засегнати страни.

Министерот Минчев потврди дека реформата на јавната администрација останува еден од главните приоритети на министерството и изрази посветеност за градење партнерски односи со сите засегнати страни. Тој исто така нагласи дека министерството е отворено за дискусија со сите чинители вклучувајќи ги и агенциите, а со цел остварување на ефективен социјален дијалог.

На крајот, министерот Минчев информираше дека министерството ќе продолжи и понатаму да се залага и посветено да работи на реформите во јавната администрација, се со цел подобрување на стандардите за вработените во јавниот сектор.

Извор: Министерство за Јавна Администрација

Прочитајте