spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: Средба Шаќири - Сцапивски: Заеднички ќе работиме за зајакнување на Државниот...

МТ: Средба Шаќири – Сцапивски: Заеднички ќе работиме за зајакнување на Државниот инспекторат за транспорт

Заменик министерката за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири оствари работна средба со полскиот министер Артур Сцапивски воедно и главен инспектор за транспорт на Република Полска, како и заменик амбасадор на Република Полска во Македонија, Пјотр Висоцки.  

На средбата се разговараше за соработката меѓу двете земји, притоа акцент се стави на транспортната политика и инвестициите.

Заменик министерката Зеколи Шаќири истакна дека Македонија во континуитет работи на усогласување на домашните транспортни политики со транспортната регулатива на Европската Унија.

 На средбата се отвори и прашањето за имплементација на Твининг проектот за модернизација и подигнување на капацитетите на Државниот инспекторат за транспорт, проект финанасиран преку Европската Унија во висина од 2,1 милион евра.

Главната цел на овој проект е да се унапредат техничките и човечките капацитети на Државниот инспекторат за транспорт преку нови вештини, искуства и усогласување на на домашното законодавството со Европската Унија.  За таа цел, Државниот инспекторат за транспорт на Полска започнувајќи од октомври оваа година во наредните 28 месеци ќе има свој постојан претставник во Македонија кој ќе работи на унапредување на целокупната активност на ДИТ.

„Драго ми е што започнуваме проект преку кој ќе ја зголемиме безбедноста на патиштата а нашите инспектори ќе добијат нови знаења и искуства на ниво на нивните колеги од Европската унија. Исто така ќе достигнеме повисоки сигурносни стандарди во оваа област. Ова е проект финанисиран со средства од Европската Унија и очекувам значително да ги подобриме условите во нашиот Државен инспекторат за транспорт. ‘‘ истакна по средбата заменик министерката за траспорт, Зеколи Шаќири.

Извор: Министерство за транспорт

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...