spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити се сретна со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, помошник...

МЖСПП: Првиот вицепремиер Меџити се сретна со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, придружуван од министерката за енергетика, рудници и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се сретна со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, помошник директорка на УСАИД за Европа и Евроазија.

На средбата се разговараше за билатералните односи и одличната соработка што нашата земја ја има со американската агенција УСАИД, која има реализирано голем број инвестиции во Северна Македонија.

Двете страни ја истакнаа важноста од зајакнување на билатералните односи и зголемување на соработката во клучните области од заеднички интерес.

На средбата со г-ѓа Ерин Елизабет МекКи, првиот потпретседател на Владата, Меџити размени мислења за најновите политички и економски случувања во нашата земја, при што ја истакна улогата на политичката стабилност во создавањето погодна средина за странски инвестиции. Беа истражени можностите за заеднички иницијативи околу еколошките предизвици, вклучувајќи ги климатските промени и одржливиот развој.

Двете страни ја препознаа важноста на заедничките напори за решавање на еколошките прашања и поддршката на зелените иницијативи.

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев на средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев денеска оствари средба со Австрискиот амбасадор Н.Е. Мартин Паммер. Средбата се фокусираше на тековните реформи во јавната администрација, при...