spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Казни за нерегистрирано производство на сирење во Прилеп и Скопје

АХВ: Казни за нерегистрирано производство на сирење во Прилеп и Скопје

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) продолжија со спроведување на редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава. 

Поради вршење на нерегистрирана дејност – производство на сирење, неделава во прилепското село Ново Лагово, по спроведен вонреден инспекциски надзор, индивидуален земјоделец – примарен производител на кравјо млеко е парично казнет. Наложено му е да ја регистрира дејноста  – производство на сирење. 

Поради неводење на дневна евиденција за потрошени суровини за производство на подготовки од месо, во Прилеп, парично е казнет оператор со храна- месарница. Казна е изречена и за одговорното лице во правното лице. 

По спроведени вонредни инспекциски надзори на скопскиот зелен пазар Буњаковец, казнети се физички лица поради вршење на  нерегистрирана дејност. Нештетно се уништени 8 килограми сирење, 2 килограми кашкавал, 5 пакувања мед со саќе во количина од 4,5 килограми, кои немале документ за потекло. Контрола е спроведена и во сендвичарница на овој зелен пазар каде не се утврдени неправилности.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство
 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...