spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Презентиран статусот на проектоте кои ги реализира АХВ преку ИПА

АХВ: Презентиран статусот на проектоте кои ги реализира АХВ преку ИПА

Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Фадил Асани и Сузана Поповска раководител на Секторот за ЕУ и меѓународна соработка при Агенцијата, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одржаа работен состанок со претставници на Министереството и Делегацијата на ЕУ.

Тема на состанокот беше статусот на проектите кои ги реализира АХВ кои се поддржани преку  Инструментот за претпристапна помош (ИПА) наменет за земјите вклучени во процесот на пристапување кон Европската унија (ЕУ).

Поповска информираше за статусот на проектите кои Агенцијата ги реализира преку овој инструмент на ЕУ, како и за успешната реализација на неодамна завршениот проект “Подобрена контрола на болести кај животните и имплементација на системот за безбедност на храна”. 


ИПА инструментот на ЕУ има за цел подобрување на ефикасноста и зајакнување на институционалниот капацитет, прекугранична соработка, економскиот и социјален и руралнен развој на институциите и на државата.

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...