spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Без ниту еден глас ЗА и без воздражани Советот на ...

Центар: Без ниту еден глас ЗА и без воздражани Советот на го отфрли барањето за донација за градење црква во Берлин

Советот на Општина Центар на седница не го изгласа барањето за донација на средства на „Македонска православна епархија за Европа – Берлин“ за изградба на црква. Против барањето за донација гласаа против 10 советници, немаше ниеден глас за и немаше воздржани.

Градоначалникот Герасимовски пред советниците истакна дека законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање.

„„Наша законска должносте да ја ставиме точката на дневниот ред и да дискутираме за истата. Шпекулациите на оваа тема беа очекувани со оглед на тоа дека се наближуваат локалните избори и само се гледа како по секоја цена да се добијат политички поени пред изборите. Но, граѓаните  се свесни и знаат што и колку кој има сработено во овие три години колку работиме, кој продава магла, а кој работи во интерес на граѓаните. Некои од порталите излегоа со невистини, колку ќе се донира  и само што не напишаа сума. Таргет беше градоначалникот,  бидејки голем дел од насловите беше дека Герасимовски донира, донирал или слично. Тоа го демантиравме на некој начин, но ќе ги замолам советниците  информации прво да побараат од  општината, а не да ја манипулираат со јавноста со инфилтрирање на лажни инфомации и приказни до порталите а потоа тие исти лаги да се шират во јавноста“, истакна Герасимовски.

Советниците отворија дискусија и за потребата од поставување клима уреди во основните училишта. Дел од советниците потенцираа дека јавноста и родителите се поделени во врска со ова прашање и затоа е потребно градоначалникот да изготви целосна информација за евентуалното поставување клими во училиштата, притоа земајќи ги предвид сите аргументи за и против донесување ваква предлог одлука.

На 40. Седница, Советот на Општина Центар усвои и предлог одлука за повторно доделување на бесплатни термини за КК Работнички во спортските сали на сите основни училишта.

Разгледани се и полугодишните извештаи на општинските сектори, како и два урбанистички проекти.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Велес: Награди за најдобрите ученици од основните и средните училишта

0
Општина Велес ги награди најдобрите ученици од основните и средните училишта во градот. За освоено прво, второ и трето место на државни, меѓународни и...