spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Имплементација на системот на интегритет на Локално ниво

ДКСК: Имплементација на системот на интегритет на Локално ниво

На 12.09.2024 година во Охрид, Државната комисија за спречување на корупцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје го одржаа третиот од четирите планирани настани со градоначалниците и раководните лица од единиците на локалната самоуправа, заради заокружување на досегашната соработка во делот имплементација на системот на интегритет на локално ниво.  На настанот учествуваа градоначалници од Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

Воведни обраќања на настанот имаа заменик претседателот на Државната комисија, г. Сервет Демири и Вишиот офицер за демократизација при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Франческо Биљали, кои ја истакнаа улогата на интегритетот во спречување на корупцијата, нагласувајќи дека градоначалниците треба да служат како пример и преку нивното етичко, законско и професионално однесување односно постапување, да инспирираат, мотивираат и да го поддржуваат создавањето на подобро општество со нулта толеранција за корупција.

Заменик претседателот Демири и членовите на ДКСК, заедно со г. Биљали ја реафирмираа својата заложба за имплементација на системот на интегритет и спречување на корупцијата, во насока на понатамошна засилена соработка со единиците на локалната самоуправа.

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

Прочитајте

Бутел: Приемен ден за ГРАЃАНИТЕ

0
Вторник е ден за директни средби со граѓаните. Градоначалникот директно разговара за можностите и решенијата за нивните потреби и проблеми. Исто така, се разговара и...