spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Со Градот Врање потпишан меморандум за заедничка соработка

Илинден: Со Градот Врање потпишан меморандум за заедничка соработка

Општина Илинден и Градот Врање потпишаа заеднички меморандум за соработка во насока на воспоставување и одржување на успешно партнерство.

Меморандумот го потпишаа Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и градоначалникот на Градот Врање, Слободан Миленковиќ, со што се создадени услови за развој и унапредување на постоечките модалитети за соработка во економијата, културата, образованието, спортот и други области.

Соработката помеѓу Општина Илинден и Градот Врање посебно ќе биде насочена кон реализирање на заеднички развојни проекти со посебен акцент за искористување на ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ  (ИПА III)- прогама за прекугранична соработка Србија- Македонија 2021-2027.

Допонително двете страни целосно ќе ги насочат своите административни, технички и организациони капацитети за меѓусебна соработка, за реализирање на развојните проекти, различни иницијативи, активности за развој на економијата и културата, органзирање на различни манифестации во наредниот период, како и промоција на економските вклучително и туристичките потенцијали.

Општина Илинден и во иднина ќе реализира активности во изнаоѓање на дополнителни извори на финасирање за резлиација на капитални проекти во општината од различни области се со цел подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МОН: Аплицирањето за YES програмата трае до 24 октомври

0
Сите ученици запишани во прва и втора година во средно училиште можат да аплицираат за YES програмата, која се спроведува со поддршка на Министерството за образование...