spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Крак од улицата „Теодосиј Синаитски“ доби нов асфалт

Карпош: Крак од улицата „Теодосиј Синаитски“ доби нов асфалт

Денеска беа реализирани завршните работи поврзани со асфалтирање на крак од улицата „Теодосиј Синаитски“ во населбата Жданец. Станува збор за финализирање на првата фаза на овој коловоз во должина од 400 метри и просечна широчина  од 5,5 метри. По целата должина на улицата се поставени и нови рабници а за реализација на овој зафат, Општина Карпош издвои од својот буџет парични средства во висина од 5.500.000 денари. Изведувач на комуналните работи е фирмата „Филип инженеринг“.

Инаку во овој реон е целосно реконструирана и улицата „Козле 3“, а откако ќе  биде реализирана и втората фаза од улицата „Теодосиј Синаитски“, се преминува кон реконструкција на двата коловозни крака кои водат кон резервоарите за вода во населбара Жданец. Тоа значи дека овој реон ќе биде целосно уреден во поглед на инфраструктура, фекална канализација, како и ново штедливо лед-осветлување. Локалната самоуправа ја реализира оваа иницијатива со оглед на тоа што во оваа населба според урбанистичкиот план треба да се градат околу 150 нови куќи. Тоа значи дека Општина Карпош предвреме ја прави инфраструкрурата за да може да постави стандарди за квалитетно живеење на сите граѓани коишто ќе живеат во овој дел на општината. 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – МЗШВ не постапило согласно законските одредби, со што...

0
Почитувани медиуми, Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство на Министерството за...