spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОПМ: ЈАВЕН ПОВИК За избор на 3 еТвинери, за Интегрирање на ЕУ...

НАЕОПМ: ЈАВЕН ПОВИК За избор на 3 еТвинери, за Интегрирање на ЕУ вредностите во училницата (Integrating EU values into the classroom)

Врз основа на Решение 20-794/2од 10.09.2024 , Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на семинар „Интегрирање на ЕУ вредностите во училницата (Integrating EU values into the classroom), од 07-09 ноември 2024 во Сараево, Босна и Херцеговина.

Согласно усвоениот План за активности на акцијата еТвининг, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува јавен повик за избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на семинар „Интегрирање на ЕУ вредностите во училницата (Integrating EU values into the classroom), кој ќе се одржи од 07-09 ноември 2024 во Сараево, Босна и Херцеговина, кој ќе се одржи од 07-09 ноември 2024 во Сараево, Босна и Херцеговина.

Е-твинери се регистрирани наставници  во еТвининг платформата чија што задача е да учествуваат во едукативни проекти, да споделуваат знаење и идеи, како и да ги вклучат своите ученици во различни проектни активности.

Критериуми за аплицирање

  • ·         Лицето да има искуство во еТвининг платформата (минимум една ознака за квалитeт)
  • ·         Лицето да има учествувано на еТвининг настан за професионален развој (сертифкат за учество)
  • ·         Лицето да е вработено средно или средно стручно училиште;
  • ·         Лицето да има познавање на англиски јазик;

Критериумите за учество ќе се проверуваат во еТвининг профилот на секој апликант.

*При изборот на учесниците ќе се земаат предвид следниве аспекти: историјата на учество на претходни еТвининг семинари, застапеноста по региони во Република Северна Македонија, како и постигнатата работа во рамките на еТвининг.

Начин на аплицирање

Краен рок за аплицирање на повикот е13.09.2024 годинадо 16.00 часотсо пријава на следниот линк:

https://forms.gle/2MzRNBMAuLPHAxvu5

Трошоци за учество

  • агенција ќе ги покрие трошоците за патување и котизацијата за настанот.
  • ·         Учесникот (индивидуално) треба сам да го покрие транспортот до аеродромот и назад, како и да си обезбеди патничко осигурување за договорениот период.

Општи мерки за спречување на корупцијата

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката избор на 3 (тројца) еТвинери, за учество на семинар „Интегрирање на ЕУ вредностите во училницата (Integrating EU values into the classroom), кој ќе се одржи од 07-09 ноември 2024 во Сараево, Босна и Херцеговина и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. 

Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...