spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: На Егзит и Тиквешки Гроздобер пет даночни обврзници не го почитувале...

УЈП: На Егзит и Тиквешки Гроздобер пет даночни обврзници не го почитувале ЗРГП

Контролите на Управата за јавни приходи за даночна усогласеност продолжуваат и во септември кај објектите на отворено.

Изминатиот продолжен викенд УЈП направи 20 контроли кај деловни субјекти кои продавале производи и услуги на отворено односно на манифестациите Егзит во Струмица и Тиквешки Гроздобер во Кавадарци.

Од извршените контроли кај 5 даночни обврзници утврдени се неправилности кои се однесуваат на неиздавање фискални сметки и не водење книга за дневен финансиски извештај.

Управата за јавни приходи пред одржување настани на отворено одржува работни средби со учесниците кои закупиле штандови на настаните и им посочува на почитување и усогласување со даночните закони.

Работните средби со исто темпо продолжуваат и понатаму.

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...