spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата

Град Скопје: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата

Почитувани,

Голем број посетители во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија уживаа во музичкиот настап на вокално-инструменталниот состав „Аманет“ на отворањето на културната манифестација „Ритамот на чаршијата“, кој во организација на Детски културен центар Карпош, се одржува со поддршка на Град Скопје. Со овој настан во скопската чаршија преку промовирање голем број културни настани се зголемува и збогатува на севкупната културна програма во градот.

„Ритамот на чаршијата“ е дел од програмата за „За модерно Скопје“ со цел зголемување на туристичко-економскиот потенцијал и популаризација на исклучителното богато културно историско наследство на чаршијата во насока на зголемување на посетеноста. Во рамки на програма на манифестацијата, денес во Чифте амам со почеток во 19 часот ќе се одржи концерт на класична гитара.

Извор: Град Скопје

Прочитајте

Бутел: Приемен ден за ГРАЃАНИТЕ

0
Вторник е ден за директни средби со граѓаните. Градоначалникот директно разговара за можностите и решенијата за нивните потреби и проблеми. Исто така, се разговара и...