spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТ: „Споделен јавен простор“ - Европска недела на мобилност

МТ: „Споделен јавен простор“ – Европска недела на мобилност

Министерството за транспорт се приклучува кон годинешната Европската недела на мобилност со поддршка на 5 општини во развивање на план за одржлива урбана мобилност. Со одржување на почетни состаноци стартуваше процесот на развивање на план за одржлива урбана мобилност во општините Кавадарци и Прилеп, а во следните денови за време на Европската недела на мобилност ќе стартува и процесот на развивање на план за одржлива и во општините Кочани, Струмица и Прилеп.

Плановите за одржлива урбана мобилност претставуваат стратешки документ дизајнирани да ги задоволат потребите за мобилност на граѓаните и бизнисите во урбаните средини за поквалитетно живеење и истите ќе се развиваат во согласност со водичот за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност на ЕУ.

Поддршката на општините е во согласност со Националната транспортна стратегија 2018 – 2030 година каде што е една од мерките опфаќа изработка на планови за одржлива урбана мобилност за поголемите градови.

Европската недела на мобилност е иницијатива на Европската комисија која секоја година се одржува од 16 – 22 септември и која завршува со организирање на ден без автомобили на 22 септември. Годинешното мото на Европската мобилност е „Споделен јавен простор“.

Извор: Министерство за транспорт

Прочитајте

Бутел: Приемен ден за ГРАЃАНИТЕ

0
Вторник е ден за директни средби со граѓаните. Градоначалникот директно разговара за можностите и решенијата за нивните потреби и проблеми. Исто така, се разговара и...