spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиКССРаботна средба со делегација од Германскиот Бундестаг од комисијата за труд и...

Работна средба со делегација од Германскиот Бундестаг од комисијата за труд и социјална политика

На 16.09.2024 Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС присуствуваше на работна средба со делегација од Германскиот Бундестаг од комисијата за труд и социјална политика. Како претставник на КСС беше д-р Предраг Серафимоски, Претседател на „Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравстени установи во Република Македонија – ССКЦ“.

На средбата се дискутираше за социјалниот дијалог во државата, проблемите и притисоците кои што ги имаат синдикалните лидери во однос на синдикалното организирање. Воедно се дискутирираше и за вмешувањето на политката во потпишувањето на колективните договори, потенцирајќи дека во моментот најзагрозени се секторите образование и здравство. Секако се стави и акцент на борбата на синдикатите за повисоки плати и достоинствена работа на работниците.

Извор: Конфедерација на Слободни Синдикати на Македонија

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...