Трансформација на системот за справување со кризни ситуации и начините за подобрување на состојбите со превентивно делување беа тема на дискусија на денешниот состанок во Охрид на заменик претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски и градоначалникот Кирил Пецаков со претставниците на надлежните институции и служби што беа непосредно ангажирани во справувањето со кризната ситуација предизвикана од пожарите на територијата на Општина Охрид.
Владата од пред извесно време донесе одлука за формирање на работна група, која што ќе изготви решение за трансформација на системот на управување со кризи.
На средбата се споделија информациите од гасењето на пожарите со предлози и идеи за тоа што треба да се направи за да се решат сегашните проблеми во функционирањето на системот. Единствената констатација е дека летните пожари се огледалото на државата, која во овој дел е нефункционална.
Се изготвува анализа за состојбата и посебна Стратегија со конкретни чекори за воспоставување на функционален интегрален систем за контрола и управување со кризи.
Концепт во кој основата ќе претставуваат волонтерите, обуката и целосната опременост на припадниците на противпожарните единици.
Исто така споделување на искуствата и практиките во државите во регионот и пошироко.
Менување на десетина закони и проширување на бројот на институциите со нивно вмрежување и координирано работење во интегралниот систем за управување со кризи.
Извор: Влада