spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Нова опрема за Штипската болница - Фокус на зајакнување на Регионалните...

МЗ: Нова опрема за Штипската болница – Фокус на зајакнување на Регионалните центри

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски денеска ја посетија Клиничката болница во Штип, каде годинава е обезбедена нова лапароскопска и ендоскопска опрема, како и цисто – уретроскопски сет кој се користи за уролошки процедури.

-Од раководството сум информиран дека досега се извршени вкупно 216 процедури со овие апарати, истакна министерот Таравари при посетата.

Вкупната сума на опремата изнесува 11.641.880 ден и е набавена од средства на Министерството, на барање на хирурзите и уролозите.

За нас посебно важно и во наредниот период посебен фокус ќе ставиме на регионализацијата и токму на зајакнување на регионалните здравствени центри, а основна цел ни е унапредување на пристапот до здравствена услуга за нашите граѓани, посочи министерот Таравари.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

НУ Кинотека на Македонија: Конференција за наставници на „Примена и...

0
На 23 септември  со почеток во 12 часот, НУ Кинотека на Р. С Македонија ќе биде домаќин на  конференција на тема „ Примена и креирање на...