spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме...

МЗШВ: Трипуновски – Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со откупувачите и земјоделците во Ресен.

На средбата се говореше за откупот на конзумно и индустриско јаболко.

Од страна на откупувачите и земјоделците беа предложени и идеи како да се подобри ситуацијата со откупот на конзумно и индустриско јаболко пред неговото официјално започнување.

Министерот Трипуновски им вети на земјоделците дека со работа и мерки ќе запре намалување на површините под јаболков насад. Нема веќе да има неоткупено македонско јаболко.

„Работиме преспанското јаболко да остане бренд, а земјоделците од Преспанскиот регион да бидат ценети за она за кое во текот на целата година се вложуваат и напорно работат“, истакна министерот.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЗШВ: Полагање на испит за добивање на лиценца за ПРОЦЕНИТЕЛ за...

0
Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2024 година. Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот...