spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Законот е ист за сите, вчера е одземено возило со дрва,...

МЗШВ: Законот е ист за сите, вчера е одземено возило со дрва, управувано од лице вработено во Шумска полиција

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, кратовско, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3.

При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј.

Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има.

Работиме максимално во стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот...

0
„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и...