spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаменик на претседателот на Владата Фетаи на средба со амбасадорот на ЕУ,...

Заменик на претседателот на Владата Фетаи на средба со амбасадорот на ЕУ, Н.Е Рокас

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, одговорен за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со новиот амбасадор на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас.

Честитајќи му за новата функција, тој изрази искрена желба за соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Вицепремиерот Арбен Фетаи на амбасадорот му ги претстави приоритетите на неговиот кабинет и на Владата во целина, со посебен акцент на активностите поврзани со борбата против корупцијата, транспарентноста и отчетноста како и политиките за добро владеење.

Амбасадорот Рокас го поздрави фокусот на Кабинетот на вицепремиерот и изрази подготвеност да го поддржи спроведувањето на приоритетните активности во интегративниот процес на Северна Македонија.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот...

0
„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и...