Вчера Општина Ѓорче Петров се одржа трибина посветена на кампањата за вакцинација против морбили и хпв кај младите генерации.
Ваквите настани се од клучно значење за здравјето на децата и младите изјави градоначалникот Александар Стојкоски.
На трибината учествуваа експерти од здравствениот сектор, вклучувајќи ја д-р. специјалист Соња Ралева од поликлиника Битпазар, прим. д-р дерматовенеролог Ленче Нелоска, и претставници од здружението за одржлив развој БИОМ и Светската Здравствена Организација. Тие ги претставија предностите на вакцините и ги разгледаа сите аспекти на нивната важност за заштита од сериозни заболувања.
Градоначалникот истакна дека е важно да ја разбереме улогата на вакцините во заштитата на заедницата и да продолжиме со поддршката на вакциналните програми.
Тој повика сите родители и млади да се информираат, да поставуваат прашања и да се консултираат со медицински професионалци за најдобрите опции за вакцинирање. Здравјето на нашата заедница зависи од нашата заедничка посветеност. Со заеднички напори, можеме да постигнеме значајни резултати.
Извор: Општина Ѓорче Петров